Јулија Навални, вдовицата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални денеска гласаше на руските претседателски избори во руската амбасада во Берлин.
Таа пред новинарите собрани пред амбасадата изјавила дека на гласачкото ливче напишала „Навални“, пренесува Би-Би-Си.
Таа им се заблагодари на граѓаните на Русија кои чекаа во редици за да гласаат на изборите.