Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на БиХ во 17.21 часот.
Земјотресот е регистриран на 26 километри од Никшиќ, на самата граница на Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Да потсетиме, малку порано земјотрес со јачина од 2,9 степени беше регистриран во реонот на манастирот Сомина во Црна Гора.
Во Црна Гора од полноќ се регистрирани дури шест земјотреси, а се работи за смирување на теренот од земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала што во четвртокот беше регистриран во Никшиќ.