Израелските сили денеска и во текот на ноќта уапсија најмалку 25 Палестинци од Западниот Брег, меѓу кои жена од Газа, дете, ранет граѓанин и поранешни затвореници, соопштија Здружението на палестински затвореници (ППС) и Комисијата за притвореници и поранешни затвореници.
Во соопштението се наведува и дека израелските сили уапсиле жена болна од рак од Газа додека била на пат за Ерусалим да се лекува.
Тие организации во заедничкото соопштение наведоа дека апсењата главно биле извршени во Хеброн, како и во Калкилија, Витлеем, Џенин, Тулкарм, Рамала и Ерусалим, пренесе Вафа.
Во соопштението, исто така, се наведува дека израелските сили продолжуваат да вршат „широко распространети вознемирувања и напади, тешки тепања и закани за затворениците и нивните семејства, како и претреси и оштетувања на домови на цивили“.
Здружението на палестински затвореници (ППС) и Комисијата за притвореници и поранешни затвореници додадоа дека вкупниот број на уапсени по 7 октомври достигна 7.630.