СДСМ: Пензионерите не заслужуваат да бидат омаловажувани, Силјановска треба да им се извини

Од:

Додека СДСМ ги покачува пензиите, ги почитува и се грижи за повозрасните граѓани, Силјановска ги навредува пензионерите, споредувајќи ги со Мапет шоу. Ваков однос кон пензионерите е несоодветен, непримерен и омаловажувачки, крајно неодговорен за политичар, пратеник или кандидат за претседател. Пензионерите не заслужуваат да бидат вака омаловажувани и Силјановска треба да им се извини, се вели во партиската реaкција на СДСМ.

– СДСМ во изминатиот период континуирано ги покачуваше, заедно со пензионерите изгради методологија со која пензиите ќе продолжат да растат, без чија било политичка волја. Просечната пензија денес изнесува 20.195 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година кога просечната пензија изнесувала нешто над 200 евра. Минималната пензија денес е за речиси 50% повисока од 2016 година. СДСМ со новата програма предвидува се повеќе мерки со кои ќе се обезбеди подобар животен стандард и достоинствена старост на пензионерите – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ