(ВИДЕО) Пожар во руска рафинерија: Украинците нападнаа со дрон, има загинати

Од:

Нov napad на украинско беспилотно летало предизвика пожар во рафинеријата Славјанск во јужна Русија, a најмалку едно лице загина, соопштија утринава регионалните власти во Краснодар. Нападите со беспилотни летала врз рафинерии и енергетски капацитети се зголемени оваа недела во Русија, каде денеска е последниот ден од претседателските избори кои треба да доведат до очекуваниот реизбор на Владимир Путин.

„Пожарот во реонот на нафтената рафинерија во Славјанск е целосно изгаснат. За време на нападот едно лице загина“, соопштија локалните власти во блискиот Краснодар.

Вчера, по напад со дрон, опожарена беше рафинерија во Самара на околу илјада километри од украинската граница. Нафтена рафинерија исто така беше цел на беспилотни летала во средата во Рјазан, на околу 200 километри југоисточно од Москва.

Во вторникот, беспилотни летала гаѓаа рафинерија во регионот Нижни Новгород, на 800 километри од границата со Украина. Во петокот Владимир Путин вети дека украинските напади на руска територија нема да останат „неказнети“.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

Лавров: Русија е подготвена да ги брани своите интереси на Арктикот

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Песков: Изјавите на Столтенберг за реакцијата на Русија се кратковидни и наметливи

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски