Околу 160.000 хакерски напади се блокирани од почетокот на гласањето на претседателските избори во Русија, соопшти денеска претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Памфилова.
„Од почетокот на гласањето блокирани регистрирани се 160.000 напади на далечинскиот електронски системи за гласање, а главните напади беа на самиот гласачки портал дури 130.000. Речиси 30.000 напади беа на порталот за електронско следење на гласањето“, рече Памфилова, пренесува Тасс.
Според неа, од почетокот на гласањето имало 18.000 сајбер напади на веб-страницата на Централната изборна комисија, од кои 141 биле многу опасни.