Вооружен палестински напаѓач денеска отвори оган врз еврејска населба на окупираниот Западен Брег, но припадниците на израелската армија го ликвидираа, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ).
Маж отвори оган од палестинските гробишта во Хеброн кон блиската еврејска населба, соопшти израелскиот јавен информативен сервис КАН, пренесува Ројтерс.
Кан ТВ емитуваше видео на кое се гледа како маж стои меѓу могили на палестинските гробишта во Хеброн и пука од автоматска пушка, но палестинските власти засега не го коментираат случајот.
Недостигот на напредок во преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа дополнително ги зголеми стравувањата дека за време на светиот муслимански месец Рамазан, насилството може дополнително да се прошири во регионот.