Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги одобри оперативните планови за офанзива на Рафах, најјужниот град во Појасот Газа, соопшти неговиот кабинет.
Израел изјави дека Рафах, дом на четири баталјони на Хамас, останува последното големо упориште на Хамас во Појасот, по операцијата на израелската армија во северниот и централниот дел на палестинската енклава.
Кабинетот на Нетанјаху наведува дека офанзивата на Рафах е неопходна за да се постигнат воените цели и дека прашањето не е „дали“ ќе има офанзива, туку „кога“.
Планот наиде на меѓународна критика, вклучително и од САД и Египет, бидејќи Рафах е дом на повеќе од милион раселени Палестинци од Појасот Газа, но Израел вели дека прави планови за евакуација и заштита на цивилите за време на офанзивата.