Чак Норис наполни 84 години: Се чувствувам како да имам 48

Од:

Познатиот акционен херој неодамна наполни 84 години, по тој повод објави на Инстаграм раскажа како се справува со оваа бројка. Со оглед на неговите улоги, многумина се прашуваат дали Чак Норис е имун на стареење?

„Можеби имам 84 години, но се чувствувам како да имам 48“, напиша Чак Норис на Инстаграм, додавајќи дека продолжува да спортува и да води активен живот. Тој се заблагодари за честитките.
.
Овој актер боречките вештини кои ги прикажуваше на екранот ги научил додека бил во војска во Јужна Кореја. Подоцна освои титули во овој спорт и отвори карате студија каде тренираа познати личности.

Неговото пријателство со Брус Ли го одведе во Холивуд и го доведе до улога во филмот „Enter the Dragon“. Кога се појави во серијата „Вокер“ дојде до голем бум во неговата кариера, а со текот на времето стана вистинска легенда.

Чак Норис повеќе не се појавува толку често во јавноста, познато е дека тој е 36 години во брак со актерката Џина О’Кели, парот има три деца. Актерот има два сина од бракот со Дијана Холчек.

Би можело да ве интересира

Чак Норис објави видео порака до Александар Лукашенко

Ландов

(ВИДЕО) Виктор Орбан му се пофали на Чак Норис: Јас сум уличен борец

Наум Локоски

Чак Норис доби споменик во Загреб

Ана Ололовска