Јаник Синер има импресивна серија од 16 победи оваа сезона.
Таа серија е уште подолга ако на неа се додадат и три меча од Дејвис купот од 2023 година.
Доколку Јаник го победи Карлос Алкараз во полуфиналето на Индијан Велс, тоа ќе биде 20-ти триумф во низа, гледајќи на крајот на минатата и почетокот на оваа сезона.
И не само тоа, тој ќе направи нов скок на АТП листата, на второто место, најдобрата позиција во кариерата.
Италијанецот, за кој веќе се знае дека има силни челични нерви, по победата над Јиржи Лехечка беше прашан што мисли за серијата резултати и дали се сеќава на серијата на Новак Ѓоковиќ, кој на почетокот на 2011 година нанижа дури 41 победа.
„Не, тогаш имав само десет години“, се насмеа Синер и продолжи.
„Не следев тенис, да бидам искрен, затоа што во тоа време повеќе се занимавав со скијање и играње фудбал. Сега знам за статистиката на Новак. Комплицирано е да се споредуваш со членовите на големата тројка или четворка. Тие се на друго ниво.Јас ја испишувам своја приказна. Кога бев помлад не следев многу тенис“, објасни тенисерот од Јужен Тирол.