Израел: Еден од командантите на Хамас е убиен во воздушен напад

Од:

Израел денеска соопшти дека еден од командантите на Хамас, Мохамед Абу Хасна е убиен во воздушен напад во Појасот Газа, пренесе Ројтерс.

Палестинските здравствени власти соопштија дека загинале уште четири лица, меѓу кои и еден работник на Обединетите нации.

Израелската армија истакна дека во нападот бил убиен Абу Хасна, кого го опишува како милитант кој обезбедувал разузнавачки информации за позициите на израелските сили и, како што е наведено, „исто така бил вклучен во контролата на хуманитарната помош и испраќањето на таа помош до терористите на Хамас“.

Милитантната група Хамас рече дека Абу Хасна бил член на нивните полициски сили и го нарече неговото убиство „кукавички чин“ чија цел е да ја попречи дистрибуцијата на помошта.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа