СДСМ: Силјановска е продолжена рака на Мицкоски и ДПМНЕ, реприза на Иванов

Од:

Кандидатката на опозицијата, Гордана Силјановска Давкова е само уште едно лице на ДПМНЕ, продолжена рака на Христијан Мицкоски. Во изминатите четири години Силјановска делуваше како пратеник на ДПМНЕ и ги поддржуваше блокадите на македонското Собрание и европскиот пат на земјата, се вели во реакцијата на СДСМ.

– Силјановска покажа и докажа дека е ДПМНЕ, партија која ги негува единствено вредностите на изолација, затвореност и безнадежност. На Македонија не ѝ е потребен претседател кој ќе биде реприза на Ѓорге Иванов, кога шефот на државата беше слеп послушник на партијата и кога не можеше да донесе ниту една одлука без да го крене телефонот за да се јави во Белата палата. Не смееме да дозволиме деструктивните политики на Белата палата да се преселат во претседателскиот кабинет! Не смееме да дозволиме ВМРО-МВРО повторно да ја крои нашата судбина и да си поигрува со иднината на нашите деца. Затоа на претстојните избори граѓаните ќе дадат силна поддршка за Пендаровски. Граѓаните ќе кажат НЕ за изолација и ДА за Европа – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ