Десетици палестински сирачиња се евакуирани од Појасот Газа

Од:

Десетици палестински сирачиња се евакуирани од Појасот Газа во окупираниот Западен Брег, соопшти германското Министерство за надворешни работи, кое побара евакуација.

Евакуацијата од Домот за деца без родители, управувана од невладината организација СОС Детско село со седиште во Австрија, е една од најголемите од Газа од почетокот на војната на 7 октомври.

Во денешното соопштение, министерството наведува дека 68 сирачиња и 11 вработени во понеделникот биле префрлени од градот Рафа во јужна Газа во Витлеем на Западниот Брег.

Во е-пошта, Министерството им се заблагодари на сите кои учествуваа во евакуацијата, но не ја откри улогата на Германија во тоа.

Од СОС Детското село потврдија за Асошиетед прес дека сирачињата моментално се во Витлеем, но не открија други детали. Таа организација има свои капацитети и во Газа и на Западниот Брег.

Во декември 28 предвремено родени бебиња беа евакуирани од Газа во Египет.

Ултранационалистот Безалел Смотрич, израелскиот министер за финансии, побара израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да даде „објаснувања за тоа кој дал неморална наредба“ да се префрлат децата од Газа додека Израелците сè уште се заробени од Хамас.

Би можело да ве интересира

Телото на уште еден заложник е пронајдено во Газа

Горан Наумовски

ИДФ ги повика Палестинците да се евакуираат од крајбрежните населби во северниот дел на Газа

Израелците продираат во Рафах, најголемиот бегалски камп е нападнат

Горан Наумовски

Се интензивираa судирите и гранатирањето во Рафах

Горан Наумовски

ИДФ: Петмина израелски војници загинаа, седум се ранети во „пријателски оган“

Горан Наумовски

Повеќе од 15.000 деца загинаа во израелските напади врз Газа

Горан Наумовски