Левица: Државата ги отпиша младите лекари – ние не ги забораваме

Од:

Левица поднесе Иницијатива за вонреден инспекциски надзор до ДЗСИ за занемарените млади лекари, кои Македонија ќе ги изгуби, доколку Владата не им ја овозможи законски регулираната пракса. Тие веќе трет месец чекаат да бидат викнати на платена пракса, на која Министерството за здравство со закон ги обврзува за нивно понатамошно усовршување, односно запишување на специјализација, се вели во соопштението од Левица.

„По шест години редовни студии и уште шест месеци поминат стаж за полагање државен испит, тие чекаат на повик од Министерството кое е надлежно да ги ангажира низ центрите за примарна здравствена заштита. Во државава има очигледен недостигот на млади лекари, а во исто време тие се оставени во чекалницата на институциите, чекајќи вработување или платена пракса која им следува со закон.

Од ДСЗИ бараме:
-Веднаш да се спроведе вонреден инспекциски надзор во пријавените институции со цел да се утврди дека при работењето во Министерството за здравство биле ангажирани лекарите кои го положиле испитот за лиценца за работа во декемврискиот испитен циклус на Лекарската комора на Република Македонија во Здравствените домови;

-Да се утврди дали неправилно се применуваат законските одредби од Законот за здравствена заштита и да се нареди отстранување на горенаведените повреди на законите на Република Македонија со цел:
(1) да се спречи противзаконско оневозможување на платената пракса за младите лекари кои го положиле испитот за стекнување со лиценца на доктор по медицина; и
(2) доследно да се овозможи тековна едукација на лекари и медицински персонал, како и за кофинансирање на специјализација, односно супспецијализација на здравствените работници за 2024 година.

ДСЗИ да ги преземе сите потребни законски дејствија, да донесе соодветни управни акти со што би се санкционирале и спречиле понатамошни незаконитости и постапувања спротивни на Законот за здравствена заштита и Законот за општата управна постапка“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали