Во студентските домови има уште 1.232 места

Од:

Во студентските домови во Скопје и во други градови во Македонија слободни се уште 1.232 места и за нивното пополнување Министерството за образование и наука објави трет оглас. Од вкупно 6.369 легла за 2013/2014, по двата огласа сместени се 5.137 студенти.

– Од денеска во печатените медиуми и на веб-страницата на МОН е излезен нов, трет оглас за аплицирање за овие 1.232 легла во Скопје и во дел од градовите низ државата и ќе трае до 15 октомври. Овој оглас ќе биде различен од претходните по тоа што ќе важи за сите, односно од прва до петта или шеста година, зависно од типот на студиите, зашто во првите два имаше одвоена категоризација за бруцоши и за останати. Ова ќе биде отворен оглас и практично на дневна основа ќе биде пополнувањето на студентските домови со студенти на кои тие места им следуваат, рече министерот Спиро Ристовски на прес-конференција.

Тој апелираше до студентите кои во претходните два огласа не успеале од различни причини да се сместат во домовите, да аплицираат на третиот оглас и да достават целосна и реална документација.

– Да си ги средат документите, овојпат реално, и да ги достават затоа што сметам дека има доволно место и секој кому му е потребно и кој ги исполнува законските услови ќе добие свое студентско легло, рече министерот за образование и наука.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

Германски модел кој ја менува иднината на младите во Македонија

A1on

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар