Комитетот за државна безбедност на Белорусија соопшти дека заплениле 27,5 килограми хероин наменет за пазарот на Западна Европа и при тоа уапсиле три лица.
Постои сомнеж дека осомничените се дел од меѓународна банда која се занимава со трговија на дрога.
Хероинот е запленет на патот Могиљов-Мстислављ, односно кога веќе бил на пат за Запад, каде што на црниот пазар би можело да се продаде за повеќе од три милиони долари, соопшти Комитетот.
Против приведените кои што се државјани на Казахстан, Русија и Таџикистан се поднесени кривични пријави и им се заканува казна затвор од осум до тринаесет години.
Елена Георгиевска