Косовските граѓани незадоволни од Владата

Од:

Косовските граѓани стануваат се понезадоволни од работата на јавните институции, покажало истражувањето на УНДП.

Испитувањето на јавното мислење покажува дека дури 72 проценти се незадоволни од политиката што ја води Косово, наспроти 59 проценти, во ноември, минатата година.

79 отсто се незадоволни од економската политика , додека над 80 проценти од граѓаните сметаат дека токму Владата е главниот виновник за моменталната економска состојба во Косово.

Незапосленоста и корупцијата се најголеми проблеми оценуваат испитаниците, а северот на Косово и понатамуостанува главен извор на конфликти во политичката сфера, стои во Извештајот на Програмата на ОН за развој.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека 62 проценти од граѓаните сметаат дека северниот дел на Косовска Митровица треба да има ист третман како и остатокот од Косово.

Извештајот на УНДП е базиран на заклучоците од 1280 анкетирани граѓани,од кои 230 биле Срби.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина