Дваесет и тригодишна девојка е ранета денеска во престрелка во центарот на Сараево, а мажот кој отворил оган е уапсен, соопшти полицијата.
Портпаролката на МУП на кантонот Сараево, Мерсиха Новалиќ изјави дека пукањето во Башчаршија се случило во 16 часот и 30 минути.
„Пукањето се случило на раскрсницата на улиците Телали и Сафвет-бег Башагиќ во сараевската општина Стари Град. Во таа прилика е рането женско лице (2001 г.), кое се здобило со повреди на десната потколеница и е пренесено на Клинички Центарот на Универзитетот во Сараево, каде и е укажана лекарска помош“, изјави Мерсиха Новалиќ.
Таа рече дека веднаш по пукањето полицијата уапсила маж на возраст од 30 години.
За пукањето е известен обвинителот на Кантоналното обвинителство на КС, а истрагата за престрелката е во тек.