Сопственик на компанија му понудил поткуп на полицаец, па завршил во станица

Од:

МВР извести дека вчера во 9.15 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, полициски службеници го уапсиле Ф.С.(45) од Косово поради сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.

Дента околу 8.50 часот на граничниот премин не му бил дозволен влез во државата на автобус со косовски национални ознаки затоа што возачот не поседувал сертификат за професионален возач на автобус. Набргу на преминот пристигнал Ф.С., сопственик на компанијата за која возел возачот, при што барал автобусот да биде пропуштен.

Притоа, тој му понудил пари на сменоводителот, па бил приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Градежна инспекторка од Куманово побарала поткуп од 4.000 евра

Лишен од слобода возач на автобус од Тетово поради нудење поткуп

ВИДЕО: За да не му напишат казна побарале да ги почасти, полицајци снимени како земаат поткуп

Катерина Ѓуровски

Приведен косовски државјанин – дал поткуп за Турчин кој пречекорил престој во Македонија да излезе без проблеми

Анита Петровска Рајковиќ

Приведен косовски државјанин поради давање поткуп

A1on

Странци пријавиле двајца полицајци дека им барале поткуп – поведена е дисциплинска