Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за помилување на 52 осудени жени, објави веб-страницата на Кремљ.
„Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, потпиша указ за помилување на 52 осудени жени“, се вели во соопштението.
Како што објасни Кремљ, шефот на државата се водел од принципите на хуманоста при одлучувањето за помилувањето.
Пред се, претседателот помилува жени со малолетни деца, трудници, како и жени чии роднини учествуваат во специјална воена операција, пренесува РИА Новости.