Директорот на турнирот во Индијан Велс, Томи Хас е разочаран што Рафаел Надал нема да игра оваа сезона.
Шпанецот одлучи да се повлече од првиот Мастерс во сезоната, а на негово место ќе дојде Сумит Нагал.
Организаторите најавија дека сите навивачи кои купиле поединечни билети за вечерната сесија во четврток на теренот 1 ќе имаат право на враќање на парите.
„Разочарани сме што Рафа не може да игра, но му посакуваме да продолжи да закрепнува и се надеваме дека ќе се врати наскоро“, рече Хас, додавајќи:
„Тој е еден од најомилените играчи овде и се надеваме дека ќе го видиме повторно тука во иднина“.
Надал го освои Индијан Велс во 2007, 2009 и 2013 година, а оваа година нема играно од Бризбејн.
Приоритет му е земјената сезона, можеби последна во кариерата.