СДСМ: Силјановска застана зад изјавите на Ковачев против Македонија

Од:

Гордана Силјановска Давкова, претседателскиот кандидат на ДПМНЕ застана зад изјавите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев против Македонија, СНОМ, Миладинови, против македонската култура. Ковачев е еден од најголемите негатори на македонскиот народ, јазик и култура, кој тврди дека Македонија ја фалсификува историјата, се вели во соопштението од СДСМ.

– Тој отворено зборува дека Македонија е вештачка држава, создадена од Коминтерната, дека македонски народ не постои, а АСНОМ е столб на антибугарството. За Ковачев, браќата Миладинови не напишале Зборник туку „Бугарски народни песни“, за него сите македонски дејци се Бугари. Јавноста очекува одговори од Силјановска. Во ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата партија која едно зборува, друго прави, која дава лажни ветувања кои никогаш не ги остварува. Со ДПМНЕ и Силјановска не е е можна никаква позитивна промена туку само полошо – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ