Два земјотреси го погодија Загреб: Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше

Од:

Два послаби земјотреси се регистрирани синоќа во Загреб. Посилниот од двата земјотреси се случи во 1.58 часот и вознемири дел од граѓаните. Беше со јачина од 2,8 степени.

„Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа два слаби земјотреси кај Маркушевац синоќа, 7 март 2024 година. Првиот се случи во 1:55 часот со јачина од 1,9 степени, а вториот три минути подоцна, во 1:58 часот со со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала, а проценетиот интензитет во епицентарот на ЕМС II-III степен, односно III-IV степен ЕМС“, соопшти Сеизмолошката служба на Хрватска.

ЕМСЦ соопшти дека епицентарот на земјотресот во 1:58 часот бил на длабочина од 6 километри.

Иако е класифициран како слаб по магнитуда, луѓето известуваат дека земјотресот ги разбудил и дека се слушнал прилично силен звук. Некои велат дека се чувствувал посилно отколку што сугерира неговата големина.

„Имаше татнеж, па креветот многу се тресеше“, се дел од коментарите на загрепчани.

Мал, но подмолен земјотрес, напиша парламентарката Далија Орешковиќ на мрежата Икс.

Луѓето јавуваат дека земјотресот многу се почувствувал и во Загорје.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тепачка во трамвај во Загреб, се пресметаа двајца постари мажи

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес