Најмалку пет лица загинаа денеска во израелското бомбардирање на џамијата Салах во северниот дел на Газа, јавува Ал Џезира.
Спасувачите од урнатините извлекле тела на петмина Палестинци, а во нападот има многу ранети, меѓу кои и деца, јави катарската телевизија.
Очевидци изјавија дека џамијата била цел на напад без претходно предупредување, а во близина имало многу деца во моментот на нападот.