Група која протестираше против исчезнувањето на 43 студенти во Мексико во 2014 година, ги скрши вратите на претседателската палата во земјата за време на демонстрации денеска, објави Ројтерс.
Тие ја скршиле вратата со бел пик-ап додека мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор говорел на прес-конференција во палатата.
Полицијата употреби солзавец за да ја растера групата и подигна бариери внатре во палатата за да ги спречи демонстрантите да влезат во зградата.
Медиумите јавуваат дека не се знае дали се уште има демонстранти внатре во палатата.
Лопез Обрадор рече дека нема да ги сузбие протестите и дека владата ќе продолжи да го истражува случајот со исчезнувањето на студентите.