Левица: Додека Словенија ги зголемува даноците на банките – во Македонија растат нивните профити

Од:

Банките остварија над 250 милиони евра добивка во 2023 година и ги зголемија своите профити за 50 отсто, споредено со претходната година. Нето-приходите од камати се искачија на 409 милиони евра, додека нето-приходите од провизии и надоместоци изнесуваат повеќе од 106 милиони евра, велат од Левица.

„Поволниот ветар „кој дуваше“ од Народна банка, ги зголеми приходите од камати над 40 отсто во споредба со претходната година. Со зголемување на референтната стапка поскапеа кредитите со променливи каматни стапки. Голем дел се врзани со шест месечен ЕУРИОБОР – референтна каматна стапка објавена од страна на Европската банкарска федерација, СКИБОР – меѓубанкарска каматна стапка на депозити или благајнички записи, а покрај скапите кредити, зголемената стапка на казнена камата за пречекорување на платежните сметки им оди во прилог на лихвобанкарите, а на сметка на граѓаните.

За две децении значајно се промени сопственичката структура во банкарскиот сектор, посебно кај петте големи банки. Ако во 2004 година учеството на странскиот капитал изнесуваше 37,1 отсто, со текот на годините преминуваше во рацете на странските инвеститори и во 2023 година нивното учество достигна 88,7 отсто во петте големи банки. Странските директни инвестиции со вложувањата во акции само ја променија сопственоста и не придонесоа за економски раст и развој во Македонија. На странците им овозможија да профитираат врз грбот на домашното население преку рекордни каматни стапки, провизии и надоместоци.

За банките очигледно нема криза, тие се ликвидни, профитабилни и засега недопирливи во Македонија. Плаќаат данок на добивка само 10%, како и малите стопанственици, за разлика од Словенија – која воведе времен данок на банките од 19 на 22 отсто. Корумпираната власт и отсуството на државна регулација во банкарскиот систем им помогна на „домашните“ банки да ги срушат сопствените рекордни профити. Левица во својата програма се залага за антилихварски закони со кои прогресивно ќе се оданочат профитите и ќе се ограничат каматните стапки, провизиите и надоместоците, за да се стави крај на должничкото ропство“, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Нова дивоградба во Чаир узурпира државно земјиште

А1он

Пратениците од Левица поднесоа интерпелација за претседателката на Комисијата за социјална политика Даути за законот за бранители

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – за сестра се умира

(ВИДЕО) Јовановска: На народот му врие, преку глава му е од овие политички препукувања

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

(ВИДЕО) Мециновиќ: Народот заслужува одговори – ДПМНЕ му сервира пцости и насилство