Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

Од:

Поранешната американска амбасадорка во ОН Ники Хејли денеска ќе се откаже од претседателската кампања, најавува Волстрит журнал, што значи дека поранешниот претседател Доналд Трамп и официјално ќе ја добие републиканската номинација за ноемвриските избори каде ќе се соочи со демократот Џо Бајден.

Хејли треба да одржи краток говор во 16:00 часот по средноевропско време. Таа ја донесе одлуката по Супер вторникот, кога Трамп освои 14 од 15 држави, вклучувајќи ги Калифорнија и Тексас, кои носат многу делегати. Хејли победи само во Вермонт.

Поранешната амбасадорка денеска нема да му изрази поддршка на Трамп, пишува WSJ, но ќе го охрабри да ја добие поддршката од републиканските и независните гласачи кои гласаа за неа. Хејли беше последниот ривал на Трамп за републиканската номинација.

Би можело да ве интересира

„САД се ограбени, тоа нема да се повтори“ рече Трамп на средба со Мелони

А1он

Трамп го нападна Зеленски: Ако не беа наместени изборите во 2020 година, немаше да има војна

А1он

Трамп ги иззема мобилните телефони и компјутерите од новите царински тарифи

А1он

Трамп: Лекарскиот преглед помина добро, лекарскиот извештај го очекувам утре

А1он

Песков: Можен е нов разговор меѓу Путин и Трамп

А1он

Трамп: Русија треба да се размрда

А1он