СДСМ: Силјановска е реприза на Иванов, ДПМНЕ нуди враќање назад

Од:

Гордана Силјановска Давкова, кандидатката за претседателка на ДПМНЕ, е реприза на Ѓорѓе Иванов. ДПМНЕ, со Силјановска Давкова нуди само враќање назад, во изолација, заглавени 11 години без било каков напредок, далеку од ЕУ. Силјановска Давкова ги спроведува политиките на ДПМНЕ на блокади и кочење на европскиот пат во македонското Собрание, се противи на Договорот од Преспа и на Преговарачката рамка за влез во ЕУ, со што целосно се докажа и како антиевропски политичар, се вели во соопштението од СДСМ.

– ДПМНЕ не може да донесе никаква промена на подобро, потврда за тоа е катастрофата што се случува во Скопје. Со ДПМНЕ нема ЕУ ниту за 100 години. Изборот пред граѓаните е јасен. Напред по европскиот пат на просперитет со Пендаровски или назад во изолација со Силјановска – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ