Повеќе од 40 земји бараат истрага за смртта на Навални

Од:

По смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, повеќе од 40 земји повикаа на меѓународна истрага.

Русија мора да дозволи „независна и транспарентна меѓународна истрага за неговата ненадејна смрт“, рече амбасадорката на ЕУ, Лоте Кундсен пред Советот за човекови права на ОН во понеделникот во име на 43 земји.

Властите тврдат дека тој починал од природна смрт на 16 февруари во затвор во арктичкиот регион Јамал, но сè уште не се познати околностите за неговата смрт. По погребот, неговиот тим уште еднаш нагласи дека опозицијата, побегната во странство, ќе ја продолжи борбата против корупцијата на руските власти и политичкиот апарат на претседателот Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Имаме документи кои докажуваат дека Навални бил отруен во затвор тврди руски Инсајдер

Московскиот суд ја потврди одлуката за апсење на Јулија Навални во отсуство

Судот во Москва издаде потерница по Јулија Навални

Горан Наумовски

„Волстрит журнал“: Путин не наредил ликвидација на неговиот политички ривал Навални

Навални пред смртта напишал автобиографија

Рокот за прелиминарната истрага за смртта на Навални е продолжен