Израелските власти во текот на ноќта уапсија 55 Палестинци на окупираниот Западен Брег, соопшти Клубот на палестинските затвореници (КПЗ). Најголем дел од апсењата се извршени во градот Хеброн, каде се уапсени 22 Палестинци, се наведува во соопштението, пренесува Ал Џезира.
Други апсења беа извршени во градовите Тубас, Витлеем, Калкиља, Ерусалим и Рамала. Од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, на Западниот Брег се уапсени околу 7.400 луѓе, соопшти оваа палестинска организација.