Две лица се уапсени во текот на акцијата на германските специјалци во Берлин во потрага по поранешни припадници на терористичката организација „Фракција на Црвената армија“.
Noch ist nicht klar, ob die am Morgen in Berlin festgenommenen Personen wirklich die gesuchten #RAF-Terroristen Staub und Garweg sind. Die Mitglieder der dritten Generation der Terrorgruppe werden auch mit Anschlägen in NRW in Verbindung gebracht. https://t.co/rCj1Y3aZLA pic.twitter.com/piOqevA45D
— WDR aktuell (@WDRaktuell) March 3, 2024
Според Државната криминалистичка полиција на Долна Саксонија, се проверува идентитетот на приведените лица. Потрагата продолжува откако неодамна беше фатен Ернст Фолкер Штауб во воз, каде носел и експлозив.
Во Германија продолжува потрага по припадници на оваа организација поради нивна вмешаност во различни криминални дела, меѓу кои и убиства и обиди за убиства.