Една жртва, двајца повредени – тешка сообраќајна несреќа на патот Штип-Велес

Од:

Едно лице загина, а две други се повредени во тешка сообраќајна несреќа, што се случи вечерва на магистралниот пат А3 Штип-Велес кај крстосницата за селата Каратманово и Милино, потврди портпаролката на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Според првичните информации, двете повредени лица во сообраќајната несреќа се хоспитализирани во Општата болница во Велес.

Несреќата се случила околу 18.20 часот, меѓу две возила „сузуки“ со светиниколски и „бмв“ со радовишки регистерски таблички. Во тек е увидот на местото на несреќата од страна на истражните органи, а во моментов во прекин е и сообраќајот на овој експресен пат.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски