Ковчегот со телото на Алексеј Навални беше спуштен во земја. Во тие моменти беше пуштена песната „My Way“ од Френк Синатра која Навални многу ја сакаше. Во Москва започнаа првите апсења на луѓе кои извикуваа слогани против рускиот претседател Владимир Путин и неговата војна во Украина. На гробиштата, кога пристигна ковчегот со телото на Алексеј Навални, се слушнаа извици „Нема да те заборавиме!“. и „Прости ни!“.
As expected. The first arrests of people who were shouting chants against the war and Putin. pic.twitter.com/YLZHPy009m
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) March 1, 2024