Голема колона на луѓе чекаат на ред да се простат од Алексеј Навални. Остануваат уште 40 минути до комеморацијата. Од московската црква каде што ќе се одржи церемонијата се протега огромна линија на ожалостени луѓе.
A long line has formed before the entry to the Church of the Icon of the Mother of God Soothe My Sorrows where Navalny’s memorial service will take place in just under two hours https://t.co/G0oJtu1awh pic.twitter.com/IcVHLDI7CQ
— Pjotr Sauer (@PjotrSauer) March 1, 2024
Кремљ вели дека секој неодобрен митинг на Алексеј Навални, кој беше жесток критичар на Владимир Путин, би бил кршење на законот. Портпаролот Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека нема да дава никаква оценка за Навални како политичка личност и дека нема што да им каже на неговите роднини.
The funeral of Alexei Navalny.
They came to say goodbye despite the risk of arrest and persecution. pic.twitter.com/p9tI0ckJmq
— Boar News (@PhamDuyHien9) March 1, 2024