Телото на Алексеј Навални не е предадено за да може да се одржи погребната церемонија, соопшти портпаролката на покојниот шеф на руската опозиција.
„Родните пристигнаа во мртовечницата во 10 часот, кога требаше да го предадат телото на Алексеј. Телото се уште не е предадено“, напиша Кира Јармиш на Х.
Таа рече дека планираниот распоред на погребната церемонија „се уште не е променет“, но предупреди на можноста за одложување.
До погребот на Алексеј Навални остануваат уште нешто повеќе од два часа, но ожалостените веќе почнаа да се собираат пред црквата каде што ќе се одржи комеморацијата.
Толпа луѓе, некои носеа цвеќиња, стоеја зад металните бариери околу црквата, каде што се присутна бројни полициски сили.
Во близина се стационирани и десетици полициски возила.