СДСМ: Европа е единствената надеж за подобра иднина

Од:

На економски план во изминатите години СДСМ направи многу, ги покачивме платите и пензиите на историски највисоко ниво, успешно се справивме со енергетската криза, со кризата од ковид пандемијата, вративме 2,6 милиони евра назад кај граѓаните. Постојано бевме рамо до рамо со граѓаните. СДСМ иднината на Македонија ја гледа во ЕУ, како горда членка. Затоа и досега направивме се што е можно тоа да се случи, велат од СДСМ.

– После 17 години чекање започнавме преговори за членство во ЕУ и успешно го завршивме скрининг процесот. Не смееме сега да застанеме кога сме пред целта. Единствена надеж за подобра иднина е полноправно членство во Европската унија. За поголеми плати и пензии по европски стандарди, за функционален судски систем, за сите нови финансиски и суштински можности кои доаѓаат до членството во ЕУ. Нема друга алтернатива. Она што го нудат Мицковски и ДПМНЕ е целосно откажување од иднината. Даваат лажни ветувања кои никогаш нема да се остварат – најголем доказ за тоа е хаосот што се случува во Скопје. Опасноста е да ја заглават земјата во изолација. Претстојните избори се најголемата шанса за да продолжи напредокот кон ЕУ со глас за СДСМ и коалицијата и да спречиме заканата од изолација на земјата со ДПМНЕ – тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Бараме од надлежните институции да ги преземат сите мерки за заштита на жртвите и превенција на фемицидот

(ВИДЕО) Милевски: За навредите на Миленко кон жените бараме разрешување од ФК Вардар и реакција од ФФМ и клубовите

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нема солза која не ја злоупотреби од родителите на починатите од Кочани

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ сее магла дека некој барал „убиство на Мицкоски“, ќе поднесеме кривична

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Опозицијата лаже за пожарите, се занимава со некрофилија и не прави ништо за да помогне

Катерина Ѓуровски

СДСМ бара оставка од Тошковски поради убиството во Велес

Катерина Ѓуровски