А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Цветово доби нов пат

by А1он20/09/2013 - 21:521876
Share0

Градоначалникот на општина Студеничани Азем Садики придружуван од неговиот тим во петок беше во село Цветово за да го означи почетокот на изградбата на новиот пат во ова село.

Добивај вести на вибер

-Тука сме со секторот за урбанизам на општината за да го означиме почетокот на изградбата на новиот пат во село Цветово. Почестен сум што денеска пред вас доаѓам да означувам почеток на изградба на ветен проект. Ците процедури се завршени за да почнува денеска со работа на изградбата на новиот пат. Се надевам дека сите работи ќе се движат според планираното и на крај ќе ги постигнеме посакуваните ефекти кој сите ние заедно ги чекаме.Овој пат ќе им овозможи по лесен и по слободен пристап на селаните на Цветово-, рече Азем Садики градоначалник на Општина Студеничани пред жителите на Цветово.

Од општината Студеничани истакнуват дека со изградбата на овој пат ќе се постигнат позитивни ефекти за полесно и послободно движење на селаните на ова село.
-Патот за во село Цветово ќе биде пократок за 1,5 км. Должината на новиот пат што ќе се отвори ќе биде 3,4 км. Сега ќе се работи првата фаза на овој капитален проект со кој е предвидено само отварањето на новиот пат. Сите правно имотни процедури се запазени. Изградбата на новиот пат е проект финанциран од буџетот на општина Студеничани- информира градоначалникот Садики.

cvetov5

Работите за изградба на новиот пат во Цветово ќе ги изврши Компанијата МИНТ – ИНЖИНЕРИНГ од село Цветово, бидејќи во јавното надавање имаше по поволна понуда, додека работите на терен ќе бидат следени од специална екипа овластена од општината. Рокот за завршување на работите за отварањето и изградбата на новиот пат е 30 дена.

Присутни на овој свечен чин беа и Шефот на Секторот за Легализаци Илјаз Мухаџери, Шефот на Секторот за Урбанизам Исмет Тртовац, Директорот на Јавното Комунално Претпријатие Сами Рушити како и голем број на граѓани на Цветово.

skopje

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

Горан Наумовски30/10/2025 - 20:26

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски29/10/2025 - 07:5829/10/2025 - 07:59

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски27/10/2025 - 07:4627/10/2025 - 10:36

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Горан Наумовски22/10/2025 - 15:48

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Горан Наумовски19/10/2025 - 07:29

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен

Горан Наумовски13/10/2025 - 11:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен