Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради масакрот во Газа

Од:

Советот за безбедност на ОН ќе се состане вечерва по смртта на околу сто лица според Хамас за време на дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, пренесува AFP.

Алжир побарал итен состанок, според неименуван дипломатски извор.

Палестинските медиуми објавија дека повеќе од 100 Палестинци загинале, а 760 од нив се повредени кога израелската војска пукала врз луѓето кои стоеле во редот за храна.

Израелските власти, од друга страна, тврдат дека повеќето од жртвите биле предизвикани од стампедо, а некои луѓе биле прегазени од камиони за снабдување.

Израелската армија призна дека нејзините војници пукале кон некои Палестинци кои се движеле кон војниците и тенкот на контролниот пункт.

Би можело да ве интересира

Најмалку 19 лица загинаа во нови израелски напади врз Газа

А1он

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

(ВИДЕО) Израел призна вина за убиството на 15 работници на Итната помош во Газа

Бројот на загинати Палестинци во израелските напади врз Газа се искачи на 62

Најмалку 21 Палестинец убиен во денешните израелски напади во Газа