Руските власти го уапсија новинарот Сергеј Соколов, уредник на Новаја Газета, под обвинение за дискредитација на армијата, објави весникот.
„Новаја газета“ во онлајн-извештај наведе дека Соколов е уапсен поради известување за руската армија во напис, но не наведе повеќе детали, пренесе Ројтерс.
Соколов се соочува со казна до 50.000 рубли (507 евра), објавија ТАСС и Новаја газета.
Весникот е познат по своите истраги кои понекогаш се однесуваат на Кремљ, владините политики и високи функционери, наведува агенцијата.