Белата куќа за израелскиот смртоносен напад во Газа: Сериозен инцидент

Од:

Белата куќа денеска соопшти дека ги истражува извештаите дека израелските сили отвориле оган врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош во близина на градот Газа, опишувајќи го како „сериозен инцидент“.

„Жалиме за загубата на невини животи и ја препознаваме страшната хуманитарна ситуација во Газа, каде невините Палестинци само се обидуваат да ги прехранат своите семејства“, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа.

Тој додаде дека инцидентот ја нагласува важноста од проширување и одржување на протокот на хуманитарна помош во Појасот Газа, вклучително и за време на потенцијален привремен прекин на огнот, пренесува Ројтерс.

Канцеларијата за медиуми на палестинската управа во Газа под контрола на Хамас тврди дека 104 Палестинци биле убиени, а 700 други се ранети во израелските воени напади додека чекале камиони со помош во градот Газа.

Би можело да ве интересира

Се подготвуваа конечната верзија на мировниот договор Израел-Хамас

Над 60 загинати во денешниот израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Израелската армија упадна во градот Хеброн и ја затвори џамијата Ибрахими

Горан Наумовски

Израел и Хамас договорија три паузи во Газа

Горан Наумовски

Галант предложи проширување на воените цели во Газа

Кирби: Преговорите за Газа не пропаднаа, во Каиро е постигнат напредок