Соработниците на починатиот руски опозициски лидер Алексеј Навални денеска соопштија дека непознати лица се обиделе да спречат ангажирање на погребна кола за неговото тело да биде погребано утре во Москва.
Портпаролката на Навални, Кира Јармиш, на мрежата Икс напиша дека непознати лица телефонски им се заканувале на сопствениците на погребни возила и дека како резултат на тоа никој од нив не се согласил да го пренесе неговото тело.
Навални треба да биде погребан во петок во руската престолнина, по црковната служба во југоисточните предградија каде што живеел.