Минатата година Русија ги престигна сите земји од Групата седум (Г7) по економски раст, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Федералното собрание за состојбата на нацијата.
„Минатата година руската економија порасна со стапки кои беа повисоки од глобалните. Според овој критериум, ги претекнавме не само водечките земји на Европската унија, туку и сите земји од Г7“, рече Путин.
Тој исто така изрази уверување дека Русија во блиска иднина ќе стане една од четирите најголеми светски економии, пренесува ТАСС.