Кривична за полициски службеник кој се заканувал на маж од Македонска Каменица

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против И.И. од Македонска Каменица, полициски службеник во полициското одделение од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, односно дека упатил закани кон лице од Македонска Каменица.

МВР денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеници поднел предлог за поведување на постапка за потешко кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 од Колективниот договор на МВР, а изречена е и мерка за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинската постапка.

Би можело да ве интересира

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он