Репрезентацијата на Литванија ќе игра во големото финале на Европското првенство во кошарка кое се игра во Словенија.
Тие вечерва славеа над Хрватска со 77:62 предводени од феноменалното дуо Клеиза – Мачиулис.
Клеиза постигна 22 поени и 11 скока, додека Мачиулис забележа одлични 23 поени, Калнеитис потпомогна со 18 поени.
Во екипата на Хрватска единствено Богданович имаше двоцифрен ефект со 15 поени.
Вечерва во второто полуфинале играат Франција и Шпанија во репризата од финалето во Литванија 2011 година.