Американскиот комичар и актер Ричард Луис почина денеска на 77-годишна возраст од срцев удар.
Луис ја започна својата актерска кариера во 1979 година со улога во „Дневникот на еден млад комичар“, а последен пат се појави на екранот во ситкомот „Без возбуда, молам“.
Минатиот април Луис објави дека му е дијагностицирана Паркинсонова болест и дека се повлекува од стенд ап комедијата, пишува американскиот магазин „Варајети“.