Бугарскиот министер за одбрана Тодор Тагарев изјави дека Бугарија нема да испраќа војници во Украина доколку не дојде до промена на ставот на Бугарија и дека за ова прашање не се разговара.
Неговата изјава уследи по средбата со францускиот претседател Емануел Макрон во Париз, на која францускиот лидер не го исклучи учеството на европските трупи во руско-украинската војна.
Според Тагарев, на состанокот во Франција биле донесени одлуки во врска со коалициите за поддршка на Украина.
„Искажавме подготвеност да им се придружиме на некои од нив, станува збор за помош на украинската одбранбена индустрија, така што значителен дел од она што и е потребно на Украина да се произведува на нејзина територија. Второто прашање е поврзано со поддршката на ранливите земји-партнери за да тие се подобро заштитени од агресивни дејствија на Русија“, рече бугарскиот министер во интервју за bTV, пренесува БТА.