Повеќе од 30.000 луѓе, според полицијата, протестираа денеска во Грција за да ја одбележат смртоносната железничка несреќа пред една година, „национална траума“ според зборовите на премиерот кој призна „колективен неуспех“ наспроти големата небрежност.
Во Атина имаше повеќе од 20.000 демонстранти. Некои од нив фрлаа молотови коктели пред парламентот, а полицијата одговори со фрлање солзавец пред да се растера толпата, пренесува AFP. Исто така надвор од парламентот, други со црвено ги напишаа имињата на 57-те луѓе кои загинаа на 28 февруари 2023 година во најсмртоносниот судир во грчката историја.
Слични инциденти имало и во Солун, каде според полицијата се собрале 10.000 луѓе. Грција делумно штрајкува на повик на главниот синдикат на јавниот сектор АДЕДИ, кој претставува околу половина милион работници. Речиси целиот сообраќај, од возови до метро, запрea na 24 часа.