Захарова: Повикот на Ерменија е непријателски чекор

Од:

Повикот на Ерменија за повлекување на руските граничари од меѓународниот аеродром „Звартноц“ во Ереван е непријателски чекор, изјави денеска Марија Захарова.

Ова го сметаме за уште еден непријателски чекор на еден од официјалните лица на Ереван, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, на брифинг со новинарите, пренесува ТАСС.

Според неа, Москва сè уште не добила никакво ерменско барање во врска со ова прашање.

Захарова рече дека Русија ја смета Ерменија за полноправна членка на Организацијата на Договорот за колективна безбедност (ОДКБ), и покрај изјавите на премиерот Никол Пашинјан за замрзнување на учеството на Ереван во работата на организацијата.

„Поаѓаме од фактот дека Република Ерменија останува полноправна членка на ОДКБ со сите права и обврски кои произлегуваат од овој статус. Во исто време, со жалење забележуваме дека динамиката на учеството на Ереван во настаните на оваа организација се намали“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Захарова: Пресудата на Ле Пен ја покажува агонијата на либералната демократија

А1он

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства

Захарова: Зеленски ја турна Украина во позиција на целосна зависност

А1он

Захарова за Стармер: Ме потсетува на клептоман педофил кој сака да се вработи во детска градинка

А1он