Проф.д-р Душан Милисављевиќ, познат доктор по ОРЛ и професор на Медицинскиот факултет во Ниш, за време на испитот во периодот јануари-февруари пронашол банкноти во индексите на двајца студенти.
Студентите во индексот оставиле „мито“, но пред да помислите на најлошото, станува збор за 10 динари и 10 денари, кои студентите често симболично ги оставаат за среќа, бидејќи веруваат дека така ќе „соберат“ десетка.
Имено, станува збор за двајца студенти и за банкноти од 10 српски динари, но во случајов во едниот индекс студентот оставил и банкнота од 10 македонски денари. Нема информации дали студентот има македонско потекло.
Проф.д-р Душан Милисављевиќ за Телеграф изјави дека не е суеверен, но дека тоа му се допаѓа.
„Испитен рок јануари-февруари. Впечаток ми оставија два индекси и банкноти од 10 динари и 10 денари во индексот. Велат за среќа е, за да добијат десетки. Им посакувам среќа на сите, но треба сериозно учење, а не суеверие“, вели тој.
Сепак суеверието му се исплатило во овој случај на студентот. Бидејќи едниот од нив навистина добил оценка 10.
„Едниот ученик доби 10 затоа што навистина знаеше на испит и ја заслужи таа оценка, а другиот осум. Не треба да се биде суеверен туку да се учи“, вели професорот.