Националната гарда од Њу Џерси донираше 300 заштитни елеци за албанската полиција, јави дописникот на МИА.
Панцирите заедно со шлемови ќе бидат наменети за припадниците на специјалната единица „Ренеа“, како и на единиците за брза интервенција и за специјални операции.
Албанскиот министер за внатрешни работи Саимир Тахири на свеченоста на предавање на панцирите, одржана во Американската амбасада во Тирана, изјави дека определба на новата Влада е елиминирање на оние кои до вчера се сметале за недопирливи.
Вредноста на донацијата се проценува на околу 160 илјади долари.